Драма во скопско: Се онесвестила по ќотек од мажот, малолетните деца барале помош за мајка си

Триесет и три годишната М.С. од скопско Кондово вчера вечерта пријавила дека била физички нападната истиот ден околу 14 часот од нејзиниот сопруг С.А. (36) во нејзиниот дом во скопско Кондово.

Мажот ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото.

-Потоа С.А. го зел нивниот осум годишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.