Драма во скопско казино: Извадил нож и се заканувал

Вчера во 23:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Иван Козаров“ во Скопје дошло до расправија помеѓу 29-годишниот А.Ш. од Штип и 23-годишниот С.Ц. од Скопје, по што А.Ш. извадил нож и му се заканувал на С.Ц.

Веднаш се преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници и А.Ш. е приведен.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

nike air max 1 sale