Драма во Скопје: Со пиштол и тупаници расчистувале недоразбирања

Наместо да го реши недоразбирањето, 40 годишниот скопјанец Д.С. почнал да навредува и да се заканува со убиство.

Случајот во полиција вчера вечерта го пријавил 43 годишниот Б.Ш. од Скопје. Тој истакнал дека вчера попладнето му се јавил Д.С. и го повикал да се видат на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со цел да ги решат недоразбирањата кои претходниот ден ги имал со неговиот татко К.Ш.

-Кога се сретнале Д.С. почнал да го навредувал Б.Ш. и да се заканува со убиство кон него и неговиот татко доколку истите не ја повлечеле претходната пријава. Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш., но истиот го фатил за рака и го совладал, информираат од полицијата.

Д.С. со телесни повреди добиени во тепачката бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.