Драма во Скопје - пукал наоколу и направил штети

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот С.А. од Скопје и34-годишниот Љ.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 09.04.2017 година во Скопје на ул. „Алија Авдовиќ“ настанала расправија меѓу пријавените поради разминување со нивните моторни возила, по што С.А. продолжил да се движи со возилото кон с.Арачиново и кога застанал да се види со неговиот брат пристигнал и Љ.М., по што меѓу нив повторно настанала расправија, а потоа и тепачка, по што биле разделени од братот на С.А. и се упатиле кон своите куќи.

После тоа, С.А. со автомобил од марката „Фолксваген Пасат“ се движел кон с.Сингелиќ и на ул. „Алија Авдовиќ“, повторно го забележал Љ.М. и во еден момент од огнено оружје испукал неколку куршуми во правец кон Љ.М., оштетувајќи атомобил од марката „Голф“, сопственост на Џ.Б. од Скопје.