Драма во Скопје - го удрил со тупаница па сакал да го прегази со автомобилот

Скопјанец претепан пред Основен суд Скопје-1.

МВР извести дека вчера околу 18 часот и 35 минути Н.Б. пријавил дека на булевар „Гоце Делчев“ пред Основен суд Скопје-1, физички бил нападнат од непознато лице при што бил удрен со тупаница во пределот на лицето, а потоа истиот со возило сакал да го прегази по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.