Драма во Шуто Оризари: Физички се пресметале со гостинот па го демолирале локалот

Додека К.С. седел во локалот, влегле лицата и со употреба на палки и други предмети го нападнале, при што му нанеле телесни повреди. На излегување од кафе барот лицата го скршиле стаклото од влезната врата и превртеле неколку маси на кои седеле други гости.

Синоќа во 21.30 часот во ЕИК Скопје, К.С. (24) од Скопје телефонски пријавил дека во кафе бар на ул. „Индира Ганди“ бил физички нападнат од страна на седум до осум непознати лица.

Додека истиот седел во локалот, влегле лицата и со употреба на палки и други предмети го нападнале, при што му нанеле телесни повреди. На излегување од кафе барот лицата го скршиле стаклото од влезната врата и превртеле неколку маси на кои седеле други гости.

К.С. со возило бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Во врска со настанот во ПС Кисела Вода приведени се три лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.