Драма на уво, нос и грло: Шест месеци живела со бисер во белите дробови

Вистинска драма се случувала во операционите сали на Клиниката за уво нос и грло пренесува zdravstvo24.mk. Tим предводен од прим. др. Горан Мицевски од белите дробови на 11 годишно девојче извадиле бисер.

Девојчето од Скопје првично било згрижено на Детската клиника, но потоа со сериозна клиничка слика било префрлено на Клиниката за уво, нос и грли. Лекарите причината за оваа состојба ја барале цели 6 месеци. Ни родителите, а ни девојчето не давале податок за евентуален контакт со туѓо тело. Педијатрите се посомневале на тоа и затоа побарале бронхоскопија. При интервенцијата и самите оториноларинголози биле изненадени од наодот во белите дробови. Извадиле бисерче кое децата го ставаат на заби како украс. По оваа драма, девојчето се сетило дека додека трчала пред 6 месеци одеднаш почуствувала јако гребење во грлото и и се јавила силна кашлица, но потоа заборавила на тоа. Проблемите почнале да настануваат по неколку дена кога неможела да истрча ниту пет чекори, а состојбата од ден на ден се влошувала. Сега е во релативно добра општа состојба и е на Клиниката за понатамошно лекување од настанатите компликации.

Откако zdravstvo24.mk напиша серија на текстови за многу дечиња кои едвај биле спасени по вдишување на непознати предмети а такви прилози одеа и на ТВ Сител, од Универзитетската клиника за уво, нос и грло велат дека е зголемен бројот на пациенти кои се сомневаат на туѓо тело во дишните патишта. Сериозноста од оваа состојба ја сфатиле како родителите на децата така и лекарите од цела држава и секое сомневање за евентуален непознат предмет во организмот го препраќаат на Клиниката за уво нос и грло. Сето ова вродило со плод бидејќи изминатите денови извадиле 3 туѓи тела од дишните патишта кои биле занемарени. Родителите на девојче на двегодишна возраст, читајќи ги текстовите сфатиле  дека и нивната мала ќерка јадела кикирики пред месец ипол и од тогаш кашла а ја лекувале како бронхит. Се јавиле во Струмица кај матичниот лекар, кој веднаш ги испратил во Скопје. На клиниката е примена и по реализираните претходни иследувања реализирана е бронхоскопија и најдено е заглавена кикирика во десното белодробно крило со веќе создадени компликации.

Машко дете кое си играло со привезок за ланче (крстче) од невнимание го проголтало и тоа застанало во хранопроводот. Со јаки болки во градите внесено било во операциона сала и крстот со помош на инструменти се симнал во желудникот, а по неколку дена и го исфрлило од телото.

Сите овие интервенции кои ги изведуваат на Клиниката за уво, нос и грло се под водство на директорот  проф. д-р Никола Николивски, анестезиолозите прим. д-р Аница Алексовска, д-р Ангелина Трајковска Јовчевска, д-р Јован Меловски, и најзаслужниот прим. д-р Горан Мицевски, кои по којзнае кој пат ја враќаат насмевката на детските животи.