Драма на Партизанска: Го ограбиле но не виделе дека има полиција пред нив

Во 23 часот и 15 минути синоќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво врз 43-годишниот А.Џ. од Скопје.

Едното лице му одзело чанта во која имало околу 400.000 денари по што побегнало, а другото лице не успеало да избега бидејќи во близина на местото бил фатен од полициски службеник кој не бил на должност.

Тој го привел во Полициска станица Центар. Приведеното лице е 18-годишниот С.А. од Скопје.  Во врска со истиот настан, денеска од слобода бил лишен и 24-годишниот Ш.П. од Скопје. 

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.