Драма на автобуска станица во Скопје - ѝ го откинал ланчето од врат, па избегал

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднесе кривична пријава против 25-годишниот Ф.Р. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 20.07.2017 година, околу 22:15 часот на бул. „Крсте Мисирков“ на автобуска постојка пријавениот ја забележал оштетената и при разминување и го скинал сребреното ланче од вратот, по што со трчање се упатил кон Основниот Суд Скопје 1 Скопје.

Пријавениот е фатен и задржан од страна на две лица, се до доаѓање на полициски службеници од Единицата - Алфа на местото на настанот, по што е лишен од слобода и приведен во полиција од ОН „Центар‘‘.