Драги жени, никогаш не прифаќајте помалку од тоа што го заслужувате

Драги жени, вие заслужувате почит. Заслужувате некој кој ќе се грижи за вас, но и кој ќе ве охрабрува. Заслужувате да бидете сметани за богатство, а вашата ранливост да не биде искористена против вас.

Заслужувате да бидете забележани, вреднувани и сакани. Да бидете почитувани.

Заслужувате личност која ќе биде покрај вас. Да не ви бидат понудени само подароци и нешта, туку и поддршка за тоа што го првите. Заслужувате партнер кој ќе ви помогне да се изградите, а не некој кој ќе ве уништи. Заслужувате некој покрај себе кој ќе ве сака силна и моќна, а не кој ќе се бори да биде посилен од вас.

Заслужувате љубов, љубезност и грижа. Заслужувате глас кој ќе биде охрабрувачки, а не наредувачки и авторитативен. Особено кога тој не се сложува со вас.

Го заслужувате сето она што му го давате на овој свет – страст, љубов, сила и грижа. Некој кој нема да се чувствува помалку маж доколку биде со вас и ве сака. Некој кој нема да бара да се менувате, туку ќе се менува, расте и созрева со вас. Не дозволувајте да прифатите ништо помалку од тоа што го заслужувате. Ништо помалку од вредноста која ја давате во овој свет.

Не ја мешајте страста со љубовта, посесивноста со љубовта и желбите со вистинското сакање. Немојте да мислите дека нечија себичност значи љубов. Не дозволувајте нешто што не изгледа правилно и вистинско, да има толкава моќ за да ве уништи.

Ниту еден маж што ве сака нема да сака да ве прегази, никој кој ве сака нема да сака да ја уништи вашата светлина, ниту пак да побара да се смените, во име на љубовта. Никој кој ве сака нема да се однесува кон вас со непочит, нема да ве игнорира и да се обиде да ве стави на место каде ќе се чувствувате исплашено или небезбедно.

Тоа не е љубов, тоа е манипулирање.

Љубовта не е никогаш лесна, но таа не е создадена да ве уништи. Не ги ставајте на пиедестал мажите кои не заслужуваат ни да ги погледнете. Не се менувајте за нив и немојте да мислите дека грешката лежи во вас.

Не си велете дека тоа е љубов, бидејќи тоа е сè освен љубов.

Заслужувате личност која ќе ве сака, охрабри, која ќе ве инспирира и која ќе ви помогне да станете посилни.