Драги мои луѓе, извинете што не ве слушав кога ме предупредувавте за него!

Единственото нешто поочигледно од црвените тревоги беа вашите суптилни предупредувања дека тој не е за мене. И јас не бев подготвена да слушнам што имате да кажете, па затоа сите ваши грижи ми поминуваа од едно во друго уво. И иако јас бев таа која на крај ја плати цената, сега знам дека не можевте да ме спасите.

На потешкиот начин научив дека луѓето не се секогаш онакви какви што изгледаат.

Тој изгледаше совршено на хартија, дури и пресовршено. Тоа требаше да ми биде првиот знак дека нешто не е како што треба. Но, тогаш се запознавме очи во очи и тој беше се што мислев дека ми треба.

Тој ја отвораше секоја врата, го местеше секое столче и ја плаќаше секоја сметка. Тој ми викаше дека сум убава, правеше да се чувствувам посебно и ми ветуваше брда и долини. И паднав на тоа. Не само што паднав, треснав со сета сила.

Толку сакав да ви зборам за него. Не ми беше грижа колку ви е преку глава од слушање за него, само сакав да споделувам работи. Сфатив дека постојано зборам за него, секогаш мислев на него и наоѓав начин како да го бутнам во секој разговор кој го водев.

Она што не го забележав беше изразот на вашите лица кога зборев за тоа колку го сакам и тоа само по неколку месеци. Начинот на кој превртувавте со очи кога повторно ќе ги откажев нашите планови затоа што сакав да бидам со него.

Наместо да кажете нешто, се повлековте. Дел од мене сака да се лути затоа што отворено не се соочивте со мене. Но, длабоко во себе знам дека тоа немаше да донесе ништо добро.

Кога се обидувавте да ме предупредите, тоа ви се одби од глава. Наместо да ме држите со нозе за земја, потсетувајќи ме колку вредам и бидувајќи тука за мене, вие очајно се обидувавте да ме извлечете од тој маѓепсан круг.

Јас толку бев заслепена од неговото отровно однесување, што се што гледав во вас беше љубомора и огорченост наместо загриженост.

Вие се обидувавте да ми ги отворите очите, но јас не ве слушав. Јас го бранев, ви се дерев и малку по малку ве изгубив сите.

Жалосно е тоа што не само што ве оттурнав, туку уште поцврсто се држев за него.

На крајот ја сфатив вистината. И со сила која не знам од каде ја најдов, му ја симнав маската, си отидов и никогаш повеќе не се свртев назад.

Без оглед на тоа колку посакувам да ги слушав вашите предупредувања или многу порано да ја видам врската каква што навистина беше, вистината е дека морав самата да го сфатам тоа. Не можев да ги чујам работите кои беа кажани, не можев да видам што стои точно пред мојот нос и не можев да замислам дека се може да се сруши. Се додека не се сруши.

Само сакав да ви се заблагодарам за тоа што стоевте зад мене и ме сакавте дури и кога се однесував како будала. Сакам да ви се заблагодарам што ми простивте кога конечно видов зошто ми зборите така. И за тоа што се обидовте да ме заштитите, дури и кога ве повредував.

Отсега па натаму, ќе го ценам вашето мислење такво какво што е и ќе слушам што имате да ми кажете.

Затоа што вистината е дека единствената причина поради која ми беше тешко да го прифатам тоа што ми го зборевте беше тоа што длабоко во себе знаев дека цело време сте во право. Само не сакав да го чујам тоа. Толку сакав да љубам, што не сакав да грешам во врска со него.