Драган Спасов - Дац е новиот директор на МНТ

Актерот Драган Спасов -Дац е именуван за в.д. директор на Македонски народен театар, на местото на досегашниот – режисерот Дејан Пројковски.

Пројковски во МНТ го наследи Дејан Лилиќ, додека уметнички директор до пред два месеци беше Тони Михајловски, кој си поднесе оставка.

Спасов од 1992-2016 работеше како актер во Драмскиот театар во Скопје, а од 2016 е дел од ансамблот на МНТ.