Драга мамо, еве што сакам да запомниш сега кога сум тинејџерка...

Драга мамо, 

Жал ми е.

Жал ми е што утрово ти се дерев. Жал ми е за она што го кажав. 

Знам дека во последно време е тешко да се живее со мене. 

Знам дека често менувам расположение.

Знам дека собата ми е хаотична. 

Знам дека често не се сложуваме.

Знам дека не ги разбираш работите кои ги правам.

Знам дека не ти се допаѓа како се облекувам.

Знам дека понекогаш те разочарувам.

Знам дека трошиш многу пари заради мене.

Знам дека мојот распоред те исцрпува.

Знам дека мојата музика нема никаква смисла за тебе.

Знам дека никогаш не си сигурна која верзија од мене ќе ја добиеш наутро. 

Знам дека имаш чувство дека се оттуѓувам од тебе. 

Знам дека не знаеш што да очекуваш од мене.

Знам дека понекогаш те полудувам. 

Знам дека ти недостасува времето кога бев малечка и кога можев да ти седам во скут. 

Знам дека ова ти е тешко.

Но, работата е во тоа што и на мене ми е тешко.

Се сеќаваш ли кога и на тебе ти беше вака тешко.

Се сеќаваш ли на времињата кога ни сама не си знаела како ќе бидеш расположена во текот на денот, а не па цела недела однапред?

Се сеќаваш ли на желбата да плачеш, да се смееш, да вриштиш, трчаш, спиеш, зборуваш и да се сокриеш, сѐ во исто време?

Се сеќаваш ли на времињата кога си се прашувала зошто така се однесуваш понекогаш?

Се сеќаваш ли на чувството дека мозокот и телото ти се движат во потполно различни брзини?

Се сеќаваш ли на онаа несигурност дека луѓето кои ти се пријатели денес ќе ти останат пријатели и утре?

Се сеќаваш ли на она што чувство дека немаш поим што да правиш со остатокот од својот живот, иако сите очекуваат дека треба да знаеш сѐ однапред?

Се сеќаваш ли на чувството на несигурност во себе додека сите твои врсници се толку полни со самодоверба?

Се сеќаваш ли на желбата истовремено да се вклопиш и да се истакнеш?

Се сеќаваш ли на желбата истовремено да бидеш забележана и да бидеш невидлива?

Потребно ми е да се сетиш на сето ова. Потребно ми е да ме сакаш низ целиот овој процес.

Потребно ми е да веруваш во мене, особено кога јас не верувам во себе.

Потребно ми е да ме водиш, дури и кога го одбивам твоето водство. 

Потребно ми е да навиваш за мене. 

Потребно ми е да ми веруваш.

Потребно ми е да ме натераш да ја заслужам таа доверба.

Потребно ми е да имаш дебели нерви.

Потребно ми е да имаш меко срце кое и натаму може да дава строга љубов.

Потребно ми е да му помогнеш на мојот сосема несреден мозок да размислува подолгорочно. 

Потребно ми е да ми одредиш граници.

Потребно ми е да дозволиш да се носам со последиците од моето однесување.

Потребно ми е да ми помогнеш да ги соберам деловите од последиците од моето однесување.

Потребно ми е да бидеш горда на мене, дури и кога јас се срамам од себе.

Потребно ми е да ме сакаш дури и ако понекогаш не ти се допаѓа моето однесување.

Потребно ми е да запомниш дека се грижам за твоето мислење многу повеќе од мислењето на другите, дури и ако се дерам дека ич не ми е гајле.

Потребно ми е да запомниш дека си ми важна, можеби и најважна на овој свет, дури и ако не се однесувам така.

Потребно ми е да запомниш дека ми требаш.

Потребно ми е да запомниш дека те сакам.

Знам дека многу барам. Знам дека барам да ми дадеш повеќе отколку што добиваш. Знам дека во процесот ќе те фрустрирам и разочарувам. Но, кога ќе дојдеме на другата страна, мислам дека и двете ќе го знаеме и помниме ова: заедно стигнавме дотука.