Драга дива девојко...

~ „Ќе мора да бидеш со неколку кукавици пред да запознаеш нкој кој е доволно храбар за да те сака.“

Драга слатка, дива девојко...

Се се сведува на тој магичен момент кога ќе го запознаеш човекот кој е доволно храбар за да те сака онаква каква што си.

Можеби ќе го запознаеш овој човек додека заедно пиете виски или можеби во локалното кафуле. А можеби и веќе се знаете, но сега имаш нови очи...

Кога и да биде овој магичен момент – ти ќе знаеш...

Никогаш не беше поврзано со тоа дека си напорнаа, туку дека беше премногу за луѓе кои не може да сфатат дека се доволно.

Затоа што маж никогаш не може да сака жена како тебе се додека не ја сфати сопствената голмина. И знам дека секоја вечер ронеше горчливи солзи на твојата перница. Кога ќе го запознаеш тој кој е доволно храбар да те сака, ти ќе бидеш благодарна за сите претходно пропаднати врски.

Иако си имаш свои маани, невозможно е човек да не љуби жена како тебе.

Жена која секое утре го започнува полна со надеж додека ги мие очите, отфрлајќи ги сите грешки од вчера и се подготвува да се справи со предизвиците на новиот ден.

Жена која танцува на дождот со ѕвездена прашина која се уште ја носи од последниот пат кога се обиде да ги следи нејзините соништа.

Ти отсекогаш си знаела дека заслужуваш љубов и кога ќе налеташ на опуштените очи на мажот кој не може да се засити од тебе, ќе знаеш дека тој ја поседува храброста која ниту еден маж претходно не ја поседувал.

Можеби овој маж нема да биде војникот кој го посакуваш и можеби и тој е уморен од сите солзи кои ги пролеал додека те сретнал тебе, но работата што тој ќе ти ја покаже е храброста на мажот кој никогаш нема да исплаши од јачината на твојот поглед.

И не е дека твоите стандарди се премногу високи, прашувајќи се зошто никогаш не си се погодила во вистинската бајка. Се работи за нешто многу поголемо – се работи за љубов.

И иако си поминала низ сите скршени срца и горчливи краеви, овој маж, кој ќе ја има храброста да ти ја понуди својата рака и да го прифати хаосот што можеби ќе му го донесеш во животот, ќе направи да сфатиш дека вредело да се чека.

Ќе сфатиш уште во моментот кога ќе се допрете, кога ќе танцувате на полна месечина на некоја прекрасна песна. Одеднаш ќе сфатиш дека е време да се бара љубов на правите места.

Имаш удрено во многу ѕидови и го имаш почувствувано ладниот воздух предизвикан од вратите кои ти беа затворани пред лице, само за да сфатиш дека единствената љубов којашто ја заслужуваш е онаа која ќе те пресретне на пола пат.

Затоа што единствениот кој е доволно храбар да сака жена како тебе е единствениот кој ја заслужува твојата љубов.

Ти си уникатна и посебна во твојата бура од контрадикторности кои се појавуваат во најсилните души. Не дозволувај никој да ти кажува поинаку.

Постои магија во начинот на кој успеваш нешто ужасно да го претвориш во нешто прекрасно.

Твојата едноставна насмевка може да направи да затреперат колена и да се затресат срца и не е твоја вина тоа што ниту еден маж не можел да го забележи тоа.

И ти, моја драга, во твојата фурија од ранливост и страствена сензуалност, секогаш ќе останеш мистерија.

Кога ќе го запознаеш овој маж, неговото храбро срце нема да биде исплашено од твоето присуство. Во свет кој изгледа дека изгубил голем дел од своите вредности, некои жени едноставно се родени за да бидат обожавани.

Тој можеби на моменти ќе се мачи, но тоа не значи дека не е вреден за твојата љубов.

Никој не е совршен. Нежно потсети го дека иако срцата на двајцата прават грешки, никој не те заслужил повеќе од него.

Оваа љубов не е поврзана со изглед или со компатибилност. Оваа љубов се сведува на тоа дека овој маж ги игнорира сите причини зошто не треба да биде со тебе и наместо тоа да се фокусира на единствена причина поради која треба да биде со тебе.

Затоа што никогаш не запознал жена како тебе.

За некои луѓе ти си премногу за справување, но за него, ти ќе бидеш единствената причина за да продолжи. Ти го инспирираш да преземе мали чекори кон твојата љубов.

Затоа што понекогаш, сретнуваме луѓе кои прават да ги фрлиме нашите правилници за љубов низ прозор.

Ти се имаш родено поинаква во свет кој ги слави сличностите и иако е тешко да се препознае твојата оригиналност, кога ќе го запознаеш овој маж, конечно ќе сфатиш зошто.

Никогаш не се работеше за тоа ти да бидеш како останатите и никогаш не се работеше за тоа дека не вредиш за љубов.

Затоа што се што некогаш ти требаше, моја слатка, дива девојко, беше маж кој е доволно храбар да сака девојка како тебе.