Дозволи си љубов, кога ќе дојде време за тоа...

Не можеш да планираш кога ќе дојде љубовта како што можеш да го планираш својот следен потег во кариерата или следниот одмор. Не можеш да планираш кога ќе се заљубиш или кога срцето ќе ти биде скршено.

Љубовта не е нешто што можеш да го предвидиш. Можеби љубовта токму сега е покрај тебе, а ти гледаш во друг правец. Можеби мислиш дека веќе пронајде љубов, а за неколку години ќе сфатиш дека сепак тоа не било љубов.

Не можеш да се одлучиш кога ќе се заљубиш. Не можеш да избереш датум на календарот или уште отсега да планираш дека за 10 години ќе се заљубиш. 

Вистинсата е дека не знаеш кога љубовта ќе ти пријде. Не знаеш што ти носи иднината, тоа секогаш било и секогаш ќе биде така. Тоа никој не може да го знае. И баш како што не можеш да испланираш кога ќе се заљубиш, не можеш ниту да планираш кога ќе се одљубиш. Не можеш да планираш и да знаеш кога првата љубов ќе ти го скрши срцето, ниту пак да знаеш точно кога ќе преболиш.

Љубовта не може да се форсира. 

Љубовта е една мала тврдоглава работа која не може да се контролира. Никогаш, без оглед на тоа колку сакаш да го контролираш својот живот кога се работи за љубов, баш тогаш љубовта највеќе ќе те изненади. Изненади се од љубовта наместо да се плашиш од неа. Ослободи се и дозволи љубовта да дојде кај тебе наместо да ја прогонуваш. 

Не можеш да ја контролираш љубовта, а не можеш да се контролираш ни себеси по тоа прашање. Не можеш да ја предвидиш иднината. И престани да се плашиш од непознатото. Дозволи ѝ на иднината да си го направи своето. Остави времето да си тече природно наместо да се обидуваш да трчаш и да држиш чекор со него. 

Дозволи си себеси да веруваш во љубов. Дозволи си љубов кога за тоа ќе дојде време. Дозволи си себеси да излезеш од несреќна љубов. Љубовта нека го направи своето. Љубовта има сопствен ум. И кога љубовта ќе одлучи дека е време, тогаш ќе дојде и ќе ти го подари она што го сакаш.