Дозволи ми да ти се приближам: Јас сум твојата ранливост

Дозволи ми да ти се приближам... престани да бегаш од мене. Нема да ти направам ништо. Не сум опасна. Со моја помош можеш да пораснеш. Јас сум твојата ранливост.

Имаш право да бидеш ранлива, чувствителна слаба. Имаш право да бидеш она што си. Сфаќам дека многу те повредувале и затоа си решила да се затвориш, но не мора да биде така.

Отвори ја својата школка и со моја помош полека излези од неа. Не си повеќе сама и нема ништо лошо да се случи. Ако се случи, ќе знаеш како да се ослободиш од тоа и да продолжиш понатаму. Но, ќе знаеш дека си жива и дека постоиш. Дека овој живот нема да пројде покрај тебе без сите оние вистински моменти на радост, насмевки и животни искри. И покрај солзите, секогаш ќе дојде и таа страна на животот. Со мојата подадена рака можеш полесно да одиш низ сите патишта.

Овојпат немој да бегаш од својот пат, слушај го своето срце затоа што еднаш се живее. Ништо од ова нема да се повтори. И кога си најранлива, тогаш ти си навистина ти. Само така растеш и учиш. Не може поинаку. Но, јас воопшто не сум толку страшна. Јас сум ранливоста. Кога ќе ме почувствуваш во своето тело, ќе видиш дека ќе научиш да живееш со мене во твоето срце.

Со тоа што бегаш од мене, си создаваш дополнително страдање и немир. Мозокот секогаш ќе ти кажува дека јас сум нешто лошо, но телото знае дека ранливоста е составен дел од животот. Покрај сите останати чувства, прифати ме и мене. Тогаш сѐ ќе биде поедноставно и полесно. Ќе биде спонтано, искрено и живо.

Средбите со другите ќе бидат поубави и поприродни. Насмевката е поискрена, знаеш дека вредиш. Повеќе не треба да криеш ништо ниту од себе, ниту од другите. Можеш да дишеш со полни гради и да кажеш: „Ова сум јас. Таква каква што сум.“

Тогаш почнува твојата слобода, во првата смисла на зборот. Оковите ќе исчезнат, изборите ќе станатап олесни и сѐ ќе се одвива со леснотија. Ќе чувствуваш и ќе живееш со срцето. Прифаќаш сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде.