Дождот пак ги поплавува улиците во Стајковци

Силниот дожд повторно го поплави Стајковци.. Граѓани јавуваат дека улиците низ населеното место комплетно се под вода. Тие стравуваат дека може да се повтори катастрофалната поплава од август, годинава.


Граѓаните веќе се мобилизирани и поставуваат вреќи со песок пред своите домови.УХМР денеска предупреди дека поради интензивните врнежи, можни се поплави.