Дождот кој не престана поплави повеќе скопски улици

Дождот кој не престана да врне со денови поплави дел од улиците и главните булевари во Скопје.

Според фотографиите објавени на Ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа Фејсбук, може да се види дека се поплавени булеварот „Партизански одреди", како и „Јужен булевар".

Како што претходно јави МИА, соообраќајот на „Јужен булевар“ во Скопје од изутринава се пренасочува по улицата „Јордан Мијалков“, поради насобрана поголема количина на вода зад Трговскиот центар „Рамстор“.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект со канализацијата, кој утрово бил пријавен.