Дождот го намали загадувањето, воздухот утрово најлош во Миладиновци

Обилните врнежи во текот на вчерашниот ден и ноќеска го држат загадувањето на воздухот на пониско ниво кое утрово во Скопје е под дозволената граница. Миладиновци утринава се со најлош квалитет на воздухот - 35 ПМ 10 микрограми на кубен метар.

Да државно ниво, денеска најлош воздух се дише во Струмица 73 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар.