Дожд и грмотевици: Еве во која насока се движи невремето

УХМР известува дека силното невреме се движи кон Кумановско, Овчеполието и југоисточниот дел од Тиквешката котлина.Невреме има и во северниот дел од Полошката котлинa.

СПОРЕД УХМР МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
37 Гевгелија, 34 Струмица, 33 Битола, Штип, Д. Капија, Прилеп, Виница, 32 Скопје Тополчани, 31 Претор, Кр. Паланка, 30 Охрид, Тетово, 29 Пожар, 28 Берово, Пожаране, 27 Ѓуриште, 26 Лазарополе, Маврово.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.
13 Пожар, Виница, 7 копје-Петровец, 6 Пожаране, 5 Тетово, 2 Кр. Паланка, 1 Маврово, >0 Скопје-З.Рид , Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне беше сончево сo мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје-З.Рид брзината на ветерот на моменти достигнуваше до 70 км/ч.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
И во вечерните и ниоќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,Локално врнежите ќе бидат пообилни над 30 л/м2, а не е исклучена можноста на места да има и појава на невреме со електрични празнења и засилен ветер. И во Скопската котлина во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.