Дотерај го Скопје - заедничка акција на граѓаните и општина Аеродром

Општина Аеродром се вклучува во кампањата за урбанизација и зазеленување „Дотерај го Скопје“, како иницијатива на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Цел на оваа кампања е да се создаде свест кај граѓаните за разубавување на нивната околина на практичен и економичен начин, а исто така да се поттикнат да се грижат повеќе за јавниот простор.

Поради тоа, Центарот за дизајн и новации има објавено јавен повик (достапен на следниот линк http://www.error501.mk/, како и на https://www.facebook.com/doterajgoskopje/?fref=mentions) на кој граѓаните од Општина Аеродром можат да предложат локации, на кои има услови да се засади растение. Локациите исклучиво треба да бидат пасивни, напуштени, а исто така и запуштени, дотрајани, `рѓосани метални мрежи и огради, изабени фасади на јавни и напуштени објекти и слично. Граѓаните што ќе предложат таква локација треба да ја регистрираат на веб-страницата изготвена од „Јавна соба“.

За предложените локации граѓаните ќе добијат бесплатно одреден број брзорастечки бршлени, кои потоа самите ќе треба да ги засадат и со тоа да го разубават просторот.