Достоевски: Смеата е најсигурното огледало на душата!

За смеата е потребна искреност, а зарем има искреност кај луѓето? За смеата е потребна незлобност, а луѓето најчесто се смеат пакосно.

Искрената и незлобна смеа значи радост, а зарем во денешно време има радост кај луѓето и умеат ли луѓето да бидат радосни? Радоста на човекот е негова највидна карактеристика, која највеќе го издава. Може да се случи долго да не го знаете карактерот на еден човек, но во моментот кога човек барем еднаш ќе се насмее сосема искрено, веднаш, како на дланка, ќе ви го покаже целиот негов карактер.

Само човек со многу висок и многу среќен развој може да биде радосен и да ги зарази другите, да биде неодоливо и добродушно весел. На тој начин, ако сакате да го проникнете во човекот и да ја запознаете неговата душа, не гледајте како молчи или како зборува, или како плаче, ниту пак како се возбудува од племенити идеи, туку подобро е да гледате како се смее. Ако добро се смее, тогаш знајте дека е добар човек.

Јас затоа добро знам дека смеата е најсигурното огледало на душата. Погледнете го детето: само децата умеат добро да се смеат до совршенство…

~ Фјодор Достоевски