Досега доставени 133 барања за субвенции за купување печки на пелети

Од Градот Скопје известуваат дека до денеска до 13 часот до архивата на Градот се доставени 133 барања за надомест на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за купување печки на пелети.

Оттаму велат дека комисијата веќе почнала да ги разгледува пристигнатите барања и наскоро ќе врши увид на инсталираните печки кај барателите што ги исполниле условите наведени во објавениот јавен повик.