Досадните луѓе се штетни по здравјето

Да бидете во друштво со луѓе кои ви се досадни е само по себе нервозно и може да стане иритирачко. Научниците направиле истражувања и докажале дека лошото друштво, односно друштвото каде што неможете да се опуштите и да комуницирате нормално, влијае на мозокот.

Истражувањето било направено во Јужна Калифорнија. Луѓето најпрво гледале луѓе кои им се допаѓаат а потоа и биле пуштани слики од луѓе за кои сигурно ќе почувствуваат аверзија, односно им биле пуштани слики од луѓе кои научниците им ги декларирале како неонацисти.

Научниците забележале дека во периодот кога тие ги гледале сликите од неонацистите, нивниот десен вентрален премоторен кортекс функционирал сосема различно за разлика од периодот кога испитаниците им пуштале да гледаат слики од луѓе кои им се допаѓаат – пренесува Daily Mail.   Научниците по спроведување на целото истражување објасниле дека вака реагирал мозокот не само во присуство на луѓе кои не ги сакаме туку и во присуство на луѓе кои ни се досадни и со нив ни е глупаво да комуницираме. Затоа тие дошле до заклучок дека да бидете во друштво со луѓе кои не ги сакате или ви се досадни е штетно за мозокот.