Дополнителната игра НовоЛото Џокер ја обележа третата премија во 2016та

Вчерашното извлекување на дополнителната игра НовоЛото Џокер не израдува со трета по ред добивка за 6 погодоци во оваа година. За сега знаеме дека ливчето е уплатено во среќното место Буги во убавото Берово, со уплата на две комбинации за основната игра и еден Џокер број. За вкупно 60 денари нашиот нов член на се побројното семејството добитници ќе добие 766.140 денари. За учество од едно евро, играчот ќе добие 12.450 евра.

Играта Џокер е дополнителна игра на основната игра НовоЛото 7/34, што значи дека во неа може да се учествува само доколку се учествува и во основната игра НовоЛото 7/34. Гарантираната премија за Џокерот е 600.000,00 денари, колку ќе изнесува и премијата за наредното коло. Со полнење на фондот, откако се надмине гарантираната сума ќе расте и премијата.

Од почетокот на приредување на оваа игра на среќа постигнати се вкупно 6 премии од кои две во Делчево, една во Скопје, една во Струмица и најновата во Берово. Интересно е што првите три премии се постигнати во период од 5 години, а исто толку имаме и во рок од 9 месеци во тека на 2016та.

Цена на за уплата на еден џокер број е 20,00 а исто толку чини и уплата на една комбинација за учество во основната игра НовоЛото 7/34, каде премијата за 7ка е рекордни над 25.000.000 денари

Додека очекуваме да не посети добитникот на играта НовоЛото Џокер и да ја подигне својата премија, им порачуваме на сите дека со среќата никогаш не се знае, најдобро е да се игра и да се остави ... на среќата.