Донација од респиратори за инфективните одделенија во државата

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје денеска ќе биде предадена донација на неинвазивни респиратори наменети за инфективните одделенија во болниците во државата.

На примопредавањето најавено е присуство на премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.