Донација од 200 книги за сите основни училишта во Карпош

Во рамки на проектот на Министерството за култура, минатата недела во сите десет основни училишта на територија на Општина Карпош беа распределени околу двесте книги со различна содржина

 -Целта на оваа донација е да го зголеми книжевниот опус во училишните библиотеки. Основците од Карпош на овој начин ќе имаат полесен пристап до книжевните класици, односно до „Ѕвездите на светската книжевност", кои се преведени на македонски јазик. Учениците ќе се запознаат со популарните едиции од областа на светската белетристика, вбројувајќи и голем број есеи, патописи, мемоари, како и класици на филозофијата, епистоларната литература и естетиката, соопшти Општина Карпош.

Општината наведува дека објавувањето на овие преводи на дела од светската литература претставува континуитет во заложбите да се збогати македонскиот книжевен корпус и на тој начин да се прошират сознанијата на младите генерации во духот со најдобрите традиции на светската и европската цивилизација