Растенијата во домот не се само одговорни за повеќе кислород, туку некои од нив имаат способност да го исчистат воздухот од токсините и мувлата, а со тоа членовите на семејството помалку да ги вдишуваат, што е секако добро за здравјето. Тие го филтрираат воздухот од, на пример, различни градежни материјали, боите, правта …

Топ шест растенија според НАСА кои е пожелно да се имаат во куќата:

Алое – тоа е одлично за подигање на нивото на кислородот во вашиот дом. Исто така, тие откриле дека ефикасно го апсорбира формалдехидот, јаглерод диоксидот и јаглерод моноксидот. Едно алое го постигнува она што и девет биолошки прочистувачи на воздухот.

Зелен крин (Chlorophytum comosum) – способен е за вршење на фотосинтеза под минимално осветлување. Одлично ги апсорбира токсините од воздухот како формалдехид, стирен, јаглерод моноксид и бензен. Едно растение ефикасно ќе го прочистува просторот од 200 метри квадратни.

Бршлен (Hedera helix) – ова растение дефинитивно би требало секој да го има дома. Бршленот отстранува 60% од мувлата во воздухот и 58% честички од фекалии за само шест часа откако ќе го поставите во просторот.

Крин на мирот (Spathiphyllum ” Mauna Loa”) – одлично ги отстранува хемиските токсини од воздухот. Оваа куќно растение го филтрира бензенот од воздухот, како и формалдехидот и трихлоретиленот.

Јазикот на свекрвата (Sansevieria trifasciata “Laurentii”) – идеално куќно растение, речиси неуништиво. Тоа е многу отпорно и потребно му е малку светлина за фотосинтеза. Освен што ги отстранува токсините, одличен е за во спалната соба, бидејќи кислородот го произведува и во текот на ноќта.

Фикус (Ficus Elastica) – особено е ефективен во чистење на воздухот од формалдехид. Исто така, не му е потребно многу светло и лесно е да се грижиме за нив. Но, бидете внимателни ако имате мали деца или домашни миленици, бидејќи листовите може да бидат токсични.

НАСА вели дека би требало да се има помеѓу 15 и 18 од овие растенија за површина од 500 квадратни метри. Значи, за 80 “квадрати” доволни се 3-4 парчиња. Не заборавајте едно да ставите во спалната соба, бидејќи и во неа поминуваме многу време.