Состојки:

250 гр брашно тип 400

60 гр путер

1 шолја кисело млеко

1 лажичка сол

1 кесичка прашок за пециво

1 јајце

сусам

ким

Начин на подготовка:

Се меша брашното со прашокот за пециво, се додава сол и путер и се замесува тесто.

Се додава кисело млеко, се замесува усте малку и се остава кратко да отстои.

Се растегнува тестото и се прават погачи со чаша.

Се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со разматено јајце.

Се ставаат сусам и ким одозгора и се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Од една смеса излегуваат околу 30 мали погачи.