Кашлањето настанува кога вирусите, бактериите, поленот, прашината или други супстанци ги иритираат нервните завршетоци меѓу нашето грло и бели дробови. Можеме да кашламе до 60 км/час, а просечно кашлање создава доволно воздух за за да се исполни едно дволитарско шише.

Сепак, најважното е тоа дека кашлањето иритира, а е особено често кај пушачите и во текот на зимата, при појавата на настинките и грипот. Иако постојат многу лекови кои можат да помогнат во тоа, сепак природните лекови нудат одлично решение за намалување на кашлицата и проблемите кои таа ги предизвикува.

Домашен сируп со мед

Докажано е дека медот има одлично дејство на третирањето на кашлиците. Можете да го конзумирате чист, или пак да направите сируп од мед измешан со 1 лажица кокосово масло или пак 1 цеден лимон. Конзумирајте го овој сируп пред спиењето. Нашите баби и дедовци би препорачале и ракија со мед, пред спиење.

Чај од темјан

Во Германија, темјанот е официјално потврден третман за кашлици и респираторни инфекци. Оваа билка има одличен ефект на кашлањето поради намалување на воспалението. Направете чај со неколку листови темјан во топла вода, во која ќе отстојат околу 10 минути. Додавањето мед и лимон може да даде дополнителни позитивни ефекти.

Топол туш

Топлата вода и пареа се одлични против кашлањето. Пареата ги смирува синусите и дишните патишта. Сепак, за оние кои имаат астма, се препорачува да се избегнува долго седење под туш и во пареа.

Чај од бибер и мед

За влажна кашлица, се препорачува чај од бибер и мед. Биберот е одличен за поттикнување на циркулацијата и движењето на слузта, а медот  е природен олеснувач на кашлањето. Употребете 1 лажица бибер и 2 лажици мед, кои ќе ги додадете во превриена вода за чај. Нека отстои 15 минути, а потоа е добро да се испие полека.

Ѓумбир

Ѓумбирот има многу тајни моќи кои се користат во медицината уште одамна.  Оние кои ја практикуваат источната медицина истакнуваат дека ѓумбирот е одличен за справување со ефектите од настинките и грипот. Се препорачува да се направи чај од ѓумбир и да се конзумира со или без лимон, неколку пати во текот на денот.