За многу луѓе, тешко е да се замисли исхраната без десертите. Филозофот Сенека го споменува карамелот уште 65 години пред Исус, споменувајќи го неповторливото уживање кое го добивавме кога го конзумираме овој десерт.

Денес, карамелот е дел од многу десерти, додавајќи им специфичен и сладок вкус. Иако во маркетите и специјализираните продавници можат да се најде веќе подготвен карамел, сепак не постои подобар вкус од домашно подготвениот карамел. За тоа се потребни само 10 минути.

Потребни состојки:

200 гр. шеќер

2 лажици вода

20 гр. путер

200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

1) Потребно е шеќерот и водата да ги загреете на умерена температура. Мешајте постојано додека не се карамелизира шеќерот, но внимавајте да добие црвеникава боја и да нема грутки.

2) Потоа садот тргнете го на страна и додадете го путерот. Измешајте и вратете го садот на оган.

3) Мешајте убаво и додадете ја павлаката, но внимавајте да биде малку стоплена или барем на собна температура. Мешајте убаво околу 5 минути.

4) Карамелот е готов. Ставете го во стаклен сад и почекајте да се олади. Тогаш станува и погуст.