СОСТОЈКИ:

1 кисела павлака

1 шолја јогурт

малку сенф

неколку кисели краставички

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Киселите краставички ситно се сечкаат, се ставаат во сад со јогуртот, сенф и киселата павлака и сè се меша. Количината на сенф и кисели краставички одредете ја според вашиот вкус. Пробајте, па ако ви е малку некој од состојките, додадете и повторно измешајте додека да се соедини сосот.

Одличен е во комбинација со месо, компирчиња…