Овој домашен сок ќе ви помогне да ја угасите жедта во текот на топлите денови, но ќе ви го подобри и здравјето.
Нането има одличен вкус, а во текот на летото може многу да ни помогне да се освежиме кога доаѓаат жештините.
Потребни состојки:
2 л. вода
200 гр. шеќер
10 ливчиња свежо нане
сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
Сварете ги водата и шеќерот, па кога ќе се оладат додадете го нането. Оставете да отстои неколку часа, па потоа процедете и додајте го на крајот лимоновиот сок. Се пие оладен, кога ќе се чувствувате жедни.
Здравствени користи од овој сок:
Го јакне имунитетот и го спречува развојот на вируси бактерии
Ги опушта нервите и целиот организам
Гарантира добар сон, спречува ноќно потење
Помага кај проблеми со желудникот
Ги ублажува симптомите на алергии и настинки
Го елиминира лошиот здив
Ја подобрува циркулацијата
Обезбедува редовно празнење на цревата