Домашен природен лек - Витаминска антивирусна бомба

Често се разболувате, постојано пиете апчиња и никако не успевате да го зајакнете имунитетот? Заштитите се на природен начин и зајакнете го својот имунолошки систем со овој стар домашен лек.

Оваа вкусна мешавина полна со витамини можете да ја направите многу лесно со состојки кои можете да ги купите во најблиската продавница за „здрава храна“ или на пазар. Нормално, доколку имате можност користете домашни производи.

Состојки кои ви се потребни:

– 100 гр суви кајсии

– 50 гр аронија

– 100 гр суви смокви

– 200 гр суви сливи

– 1 среден корен ѓумбир

– 100 мл сок од свеж лимон

– 100 гр бадеми

– 100 гр ореви

– 50 гр лешници или ф’стаци

– 50 гр брусница

– 3 лажици мед со прополис и матичен млеч

– 250 г мед

Сите состојки ставете ги во стаклен сад, а сливите, кајсиите и смоквите исецкајте ги. Лешниците, бадемите и оревите посебно сомелете ги. Се помешајте, додадете го лимоновиот сок и ѓумбирот кој претходно сте го исчистите и изрендале. Прелијте со мед и изблендирајте со рачен блендер.

Мешавината ставете ја во стаклена тегла и оставете ја да отстои неколку дена пред да започнете да ја употребувате. Оваа витаминска бомба можете да им ја давате и на вашите деца, постари од две години, по една кафена лажичка секој ден наутро, а возрасните треба да консумираат голема лажица од оваа мешавина.