СОСТОЈКИ:

7 зелени крупни пиперки

3-4 чешниња лук

2 домати средна големина

1 модар патлиџан

масло

сол

ПОДГОТОВКА:

Зелениот пипер се пече, а потоа се лупи и се сече на парчиња по должина.

Претходно во посебен сад се толчи лукот со сол и потоа дел по дел се додава пиперот. Сето тоа заедно се толчи со лукот.

На крај се додава црвен домат  и модриот патлиџан кој е веќе потпечен и излупен. По вкус може да употребите и свеж домат исечен на парчиња. Доматот се додава во садот и се толчи заедно со лукот и пиперот.

На крај, подгревате малку масло за готвење и попарете ги состојките во садот.

На здравје!