Домашен лек кој ги чисти маснотиите од крвта

Нездравиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност го зголемуваат нивото на маснотии во крвта. Тие пак со текот на времето полека, но сигурно доведуваат до проблеми со крвните садови кои може да резултираат со влошена здравствена состојба.

Доколку имате проблем со маснотиите можете да приготвите лесен и едноставен лек што ќе ви помогне да ја прочистите крвта и да ја подобрите својата состојба. За него ќе ви бидат потребни само две состојки: суви смокви и јаболков оцет.

Подготовка: 

Лекот се прави навечер, а се консумира наутро. Се земаат 3 суви смокви и убаво се боцкаат со чепкалка од сите страни. Потоа се потопуваат во стаклен сад во кој претходно сте ставиле 2 дл јаболков оцет. Ако ги ставите во оцетот во 20 часот навечер, треба да ги консумирате следното утро во 8 часот.

Оцетот што ќе ви остане не го фрлате туку го користите за следната вечер. Количеството од 2 дл можете да го користите 7 дена. На осмиот ден земате нови 2 децилитри и ја повторувате постапката уште недела дена. Во меѓувреме се препорачува да се исхранувате што е можно поздраво и да ја зголемите својата физичка активност.