Дом Ибни Пајко ќе добие нова фасада

Едно од најпрепознатливите зданија и обележја на градот Дом Ибни Пајко, домот на познатиот скопски трговец, на левиот брег на реката Вардар на плоштадот Карпошово востание, се подготвува за реконструкција. Идејното решение за новиот изглед е веќе избрано, пред неколку месеци, а со новиот конкурс се бара изработка на основен проект за изведба на реконтрукцијата. Новиот изглед на Ибни Пајко ќе биде во духот на проектот Скопје 2014, според нацрт на архитектите Лазар Димов и Никола Стакинов, кои беа единствени пријавени на конкурсот.

Конкурсот трае до 3ти мај, а награда за изработка на проектна документација ќе биде 1. 016. 949 денари. Објектот кој доминира на плоштадот Карпошово востание, е изграден 1938 година, по дизајн на Михо Чакеља, познат и реномиран архитект од Дубровник и претставува архитектонско наследство на Град Скопје.