За својата свадба, многу девојчиња сонуваат уште од своето детство. Кога ќе дојде тој ден, за многу од нив сите детали се испланирани совршено. Тоа се однесува и на букетот, односно бидермаерот.
Но, знаете ли зошто постои оваа традиција_
Потеклото на носењето цвеќе на својата свадба потекнува уште од античко време. Цвеќето тогаш било вообичаена декорација на свадбите бидејќи симболизирало нови почетоци, верност и плодност.
Подоцна, во средниот век наместо цвеќе се носел букет од лук и копар. Се верувало дека тоа значи одбрана од лоши мисли, духови и избегнување лоша среќа.
Во времето на кралицата Викторија, размената на цвеќе станала особено популарен начин на искажување на љубовта. Тогаш цвеќето ја добило својата романтична димензија и станало поврзано со венчавките. Оваа традиција продолжува и денес и не постои денес свадба без цвеќе.
Каранфили
Розевите каранфили претставуваат одважност и талент, а црвените ја симболизираат љубовта. Одлични се за избор за бидермаерот во текот на целата година.
Хризантема
Тие се одличен избор за букет и аранжмани во текот на целата година. Тие ја симболизираат вистината, чистотота и богатството.
Нарцис
Овој цвет означува почит. Совршен е за пролетните свадби и одлично се вклопува во теглички и на самите маси на свадбата.
Гарденија
Гарденијата ја означува радоста и чистотата. Прекрасно изгледа во букет или како цвет на реверот бидејќи делува многу елегантно.
Ирис
Овој пролетен цвет симболизира верба и мудрост.
Јоргован
Мирисниот јоргован ги претставува првите емоции на љубовта.