Докторе, сакам царски рез - помалку ќе боли?

Иако докторите му даваат предност на породувањето по природен пат, бројот на царските резови во нашата земја од година во година се зголемува се повеќе и повеќе.

Царскиот рез е операција која носи многу ризици, но кај поголем број на трудници предрасудите од страв и болка доведуваат до мечтаење за породување со царски рез. Тоа е поради недоволната комуникација лекар-пациент,  недостигот на сексуално образование уште од мали нозе, но и во застрашувачките приказни што се шират меѓу жените за тоа како се измачиле на породувањето.

-Слушајќи ги искуствата, сакам да одам со царски иако мојот гиниколог пробува да ме разубеди. Се плашам, сметам дека царскиот рез ќе ми го олесни патот, вели Бети.

Искра, објаснува дека првото бебе го родила природно, а второто иако сакала и тоа да биде спонтано, поради компликации морало со царски рез.По операцијата имам и сраснувања во стомакот кои знаат да ми прават болки, вели Искра.

Без оглед на предупредувањето од лекарите и понатаму владее мислењето дека таквиот начин на породување е пoкомфорен, подобар и безболен за родилката. Сите гинeколози се сложуваат дека царскиот рез е нужно зло и дека е далеку од безболен.