Доколку летот со авион ви е одложен, еве кои се вашите права

Кога дојдов на аеродром, сфатив дека мојот лет е одложен. Што можам да направам?

Имате право на грижа од страна на авионската компанија. Тоа подразбира дека имате право на освежување, оброци, два бесплатни телефонски разговори, телефакс пораки или електронска пошта, сместување и превоз од аеродромот до местото за сместување ако донцењето е:

- 2 часа или повеќе за летови до 1.500 километри;

- 3 часа или повеќе за летови подолги од 1.500 километри во ЕУ или за други летови меѓу 1.500 и 3.500 километри;

- 4 часа или повеќе за летови подолги од 3.500 километри надвор од ЕУ.

Ако летот ви доцни повеќе од пет часа и вие се одлучите да го одложите патувањето, имате право на поврат на парите за билетот и лет до местото од каде што сте го почнале патувањето.

Предупредување! Ако сте стигнале до конечната дестинација со доцнење од три или повеќе часа, имате право на ист надомест како и кога летот ви е откажан, освен во случај ако авионската компанија може да докаже дека доцнењето е предизвикано од вонредни околности.

Постојат и фирми како што е refundd.com која ги средува тужбите место вас.

Бидете активни!

Веднаш контактирајте го персоналот на авиокомпанијата на аеродромот и побарајте право за заштита и надомест.

Поднесете приговор до авиокомпанијата при доаѓање дома, ако мислите дека правата ви биле нарушени.