Докажано: Луѓето кои им помагаат на другите живеат поздрав и подолг живот

Во секојдневниот живот, луѓето често се одлучуваат да искористат дел од своето слободно време за да им помогнат на другите.

Последните неколку години, научниците проучувале долга листа на добри дела и нивните бенефити на човековото тело. Во бројните истражувања е докажано дека алтруизмот,односно желбата несебично да им помогнеме на другите има големо влијание на нашето здравје, па дури и на должината на животот.

Човековата природа е тема на филозофските расправии повеќе години, а со помош на модерната технологија и наука, конечно успеваме да ја отклучиме оваа мистерија. Во раната фаза на оваа студија, научниците дошле до еден факт: нашиот мозок е физички подесен за да им помогне на другите.

Една стара изрека кажува подобро е да се дава, одошто да се зема , а според Џефри Скулс, еволуциски биолог на Вестмаунт колеџот во Калифорнија, тоа не е само клише. Во секојдневието, многу луѓе одлучуваат да им помагаат на другите, без оглед на тоа дали се работи за помагање на постарите лица, спасување на напуштените животни, човечки животи или помагање некому да реши одреден проблем. Секој ден сме сведоци на многу добри дела.

Но, што е тоа што нè тера несебично да им помагаме на другире, да правиме херојски потфати и да бидеме тука за другите? Врската меѓу алтруизмот и стресот е откриена сосема случајно во 1956 година, кога тимот истрачува на универзитетот Корнел спровел истражување во кое биле вклучени 427 мажени жени со деца. Тие очекувале жените со деца да бидат под поголем стрес, а со тоа да имаат и пократок животен век. Сепак, изненадувачки било докажано дека тоа не влијае на долговечноста.  Во таа студија која траела 30 години било утврдено дека 52% од жените кои не им помагале на другите, односно не се грижеле за никој друг освен за себе, се соочувале со потешки болести од оние кои редовно волонтирале.

Многу истражувања покажуваат дека помагањето на другите значително го намалува нивото на стрес, кое е главен причинител на многу болести. Освен тоа, кај луѓето кои редовно помагаат, утврдено е и повисоко ниво окситоцин, хормон на поврзување кој помага да се чувствуваме добро.