Договориле средба по расправија на социјални мрежи: Масовна тепачка на малолетници во Чаир

Две групи на малолетници вчера околу 10 часот го нарушиле јавниот ред и мир на ул. „Коста Абрашевиќ“ со меѓусебна тепачка.

-Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години , сите ученици од основното училиште „7-ми март“, информираат од полицијата.

Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „Венто“ со скопски регистарски ознаки.

До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи, а на местото се сретнале по претходен договор.

Полицијата презема мерки за  целосно расчистување на настанот.