Доделена наградата „Роман на годината“ за 2018

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер /10.04.2019 година/ во Културно информативниот центар – Скопје, се обрати пред присутните по повод свеченото доделување на литературната награда „Роман на годината“ за 2018.

- Уште на самиот почеток морам да го искажам своето мислење дека не е можно да се зборува за еден роман изолирано од авторот, па затоа вечерва, имаме чест и да зборуваме и да се дружиме со авторот на романот „Некој бил тука“, првенец на авторката Николина Андова-Шопова, годинешниот лауреат на литературната награда „Роман на годината“ за 2018 година - нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека она што посебно радува е фактот што (годинава) наградата оди во рацете на една млада македонска писателка, која носи еден нов творечки сензибилитет и квалитет за читателите. Град Скопје и ја даде својата поддршка, а и понатаму ќе ја дава на манифестации како вечерашнава, затоа што се отвора нов простор за творење, но и се засилува/зголемува и свеста за читање.

- На крај имам една искрена желба, уште многу години Фондацијата „Славко Јаневски“ и Град Скопје да ни приредуваат вакви литературни уживања во убавиот збор, наградувајќи го неговиот столб – романот, а на авторката да и посакам уште многу години творечка кондиција – резимираше Јанчева.

„Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, во издание на Темплум, е избран за „Роман на годината“ за 2018 година. Наградата „Роман на годината“, годинава се доделува по 20-ти пат од Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно информативниот центар - Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура.

nike air max 1 sale