Додека Скопје се гуши во магла побарајте чист воздух на падините на Скопска Црна Гора

Додека Скопје се гуши во магла, на кратко избегнете од бетонската џунгла и побарајте чист воздух и сончеви зраци на падините на Скопска Црна Гора.

Дабова шума, мирис на дрва, на трева, на кал, сонце кое силно блеска, тоа ќе ве пречека на Скопска Црна Гора.

На кратко избегајте од маглата која со недели не’ гуши, и упатете се кон недопрената природа на планината, надополнета со мирот на локалните манастири, каде на само дваесетина километри од центарот на градот се крие мал рај, кој вреди да се посети.

Оваа планина порано се викала Света Гора, бидејќи имала голем број на мали цркви каде кога била забранета  вера, селаните успешно ја сочувале. Кога почнале да се градат манастирите, а има околу десетина, дошле голем број на монаси, и од нивните мантии, гората поцрнела, па затоа почнале да ја викаат Скопска Црна Гора.

Па, затоа, ако не можете овој, тугаш уште од сега почнете да го планирате вашето бегство од градот следниот викенд, уживајте во она што го нуди планината, во мирот, во мирисот, во сонцето…