Добрососедски односи, што беше тоа?

Мили ем драги, комшии!

На тие од приземје не им треба лифт, а на тие од први, не им треба санација на покривот на никому не му треба чистачка, сами си зачистувате на катот. Каков дефект да се случи во зградата први не посегнувате никогаш да се јавите за да го санираме. Демек, ако си молчиме и се правиме наудрени, ќе се реши сам од себе, ќе помине. Или никој нема да забележи.

Сабота 7 часот наутро, комшијата решава со бормашина да си направи неколку дупки во ѕидот, па си размислувам гласно вие не можете еден ден во годината да ја издржите „неподносливата бука и музика“ кога славиме именден или роденден. Па веднаш следува тропкање, закани или праќање полиција на врата.

Што беа тоа добрососедски односи?

Ех, порано сме оставале клуч кај соседите да ни вадат цвеќиња, да ни ја чуваат куќата. Сме причувувале дечиња на соседи, сме си позајмувале работи ако во моментот нешто итно ти е потребно. Имало добрина, имало компромис и разбирање меѓу луѓето. А денес прљавиме се за да го доуништиме она што го имаме.

Повеќето луѓе немате основна култура и поим што значи да се живее во заедница. Ако на некој нетшо му пречи, слободно момже да отидет и да си изгради куќа, па да си бидете мирни.