Добро се живее со таа плата - во Македонија се исплати да си пејач или спортист

Пос­лед­ни­те го­ди­ни во Ма­ке­до­ни­ја најм­но­гу се исп­ла­ти да си пе­јач или спор­тист.

Во зем­ја­ва до­бро се за­ра­бо­ту­ва и во филм­ска­та деј­ност, од­нос­но про­дук­ци­ја на ви­де­о­про­гра­ми и на те­ле­ви­зи­ска про­гра­ма, но и сни­ма­ње ви­де­ос­по­то­ви.

И пла­ти­те во мар­ке­тин­шки­от се­ктор по­рас­на­ле за 19 про­цен­ти. Ру­да­ри­те, има­ат за 16 про­цен­ти по­ви­со­ки пла­ти. Вра­бо­те­ни­те во пре­ра­бо­ту­вач­ка­та ин­ду­стри­ја пред че­ти­ри го­ди­ни, во про­сек, зе­ма­ле 15.500 де­на­ри ме­сеч­но, а се­га око­лу ил­ја­да де­на­ри по­ве­ќе.

За­ко­нот за ми­ни­мал­на пла­та при­до­нел и за по­раст на при­ма­ња­та на ед­ни од најс­ла­боп­ла­те­ни­те – тек­стил­ци­те.

Во де­лот на про­из­водс­тво на хра­на и на пи­ја­ла­ци, вра­бо­те­ни­те се­га има­ат за 2 ил­ја­ди де­на­ри по­ви­со­ки пла­ти.

Спо­ред офи­ци­јал­на­та ста­ти­сти­ка, гра­деж­ни­ци­те се­га зе­ма­ат 3 ил­ја­ди де­на­ри по­ве­ќе, а тр­гов­ци­те мал­ку над ил­ја­да де­на­ри.

Пос­лед­ни­те го­ди­ни има про­фе­сии што за­бе­ле­жа­ле го­лем по­раст во при­ма­ња­та иа­ко на вр­вот на ли­ста­та на најп­ла­те­ни сѐ уште оста­ну­ва­ат ме­на­џер­ски­те по­зи­ции, ка­ко и ли­ца­та вра­бо­те­ни во ИТ се­кто­рот, те­ле­ко­му­ни­ка­ци­и­те, фар­ма­ци­ја­та. Тие се не­при­кос­но­ве­ни во пог­лед на ви­си­на­та на при­ма­ња­та.

 Што се од­не­су­ва до по­да­то­кот де­ка пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни е за­бе­ле­жан го­лем скок на приходи­те кај пе­ја­чи­те и кај спор­ти­сти­те, тоа са­мо до­ка­жу­ва де­ка се доб­ли­жу­ва­ме до свет­ски­те трен­до­ви што ди­кти­ра­ат овие деј­но­сти да се нај­до­хо­дов­ни. Во све­тот се­кој са­ка да би­де пе­јач, фуд­ба­лер или ко­шар­кар би­деј­ќи тие се ме­ѓу нај­бо­га­ти­те лу­ѓе. Не де­ка до­се­га на­ши­те пе­ја­чи не зара­бо­ту­ваа до­бро, но тоа бе­ше да­ле­ку под тоа што го за­ра­бо­ту­ва­ат, да ре­че­ме, пе­ја­чи­те од Србија.