Добро е ако сте пречувствителни, затоа што таквите луѓе го менуваат светот

Постојано ја слушаме фразата дека пречувствителноста може да ни наштети. Таа фраза го создава чувството дека сигурно постои нешто кое ве прави поинакви од другите, дека имате „фатална“ маана поради која сте осудени на страдање.

Таа пречувствителност ја имале и Абрахам Линколн, Мартин Лутер Кинг, Лејди Ди. Тие луѓе го менувале светот за да му дадат повеќе човечност.

Поентата е во тоа што прашањето за чувствителноста и ранливоста било поприлично нејасно поле сѐ додека истражувачкиот психолог, универзитетскиот професор и психотерапевт Елејн Арон не направила сериозни истражувања и докторирала на прашањето за ранливоста. Нејзината книга „Ранливост: Како да се надмине пречувствителноста“ станала бестселер уште пред да биде објавена, затоа што брзо се прочу гласот за ова истражување, па така луѓето ѝ се обраќале за да ја дознаат „што не е во ред со нив“. Елејн им велела: „Не се грижете, сѐ е во ред со вас.“ Всушност, сѐ започнало кога Елејн била дете. Таа била пречувствително дете, а и кога пораснала се борела со својата пречувствителност.

Таа долго го вршела своето истражување и дошла до заклучок дека кај пречувствителните луѓе се работи за чувствителен нервен систем, што во суштина е неутрална карактеристика. И, како што се покажало, наследна. Да, чувствителноста се наследува, и ако некој во семејството ја има оваа карактеристика, голема е шансата и вие да бидете такви.

Што е она што ги прави чувствителните луѓе поинакви од другите?

Ранливите личности се научени да бидат инхибирани, срамежливи, плашливи или интровертни, но всушност 30% од нив се екстроверни личности, а голем дел од интровертните личности не се нешто изразено чувствителни личности. Некои пречувствителни личности ги прифатиле горе-наведените карактеристики затоа што немале никакво друго објаснување за својот карактер. Има и многумина кои се свесни дека се поинакви, но успешно се кријат и се однесуваат како сите останати.

Суштината е во тоа што пречувствителните луѓе подлабоко ги процесираат информациите, подолго и повеќе и го поврзуваат со своите претходни искуства. Затоа, чувствителните луѓе имаат неверојатно добра интуиција. Иако вообичаеното сфаќање нѐ наведува да мислиле дека поради чувствата ние не размислуваме логично, сепак психологот Рој Баумајстер вели дека чувствата се наоѓаат во самото средиште на мудроста. Тие ни служат за да го запомниме она што ни се случило и да научиме нешто од тоа. Некои други истражувања покажале дека ако немаат некаква емоционална причина да научат нешто, повеќето луѓе нема да научат ништо или ќе го научат само половично.

Да се биде чувствителен има своја цена. Може да биде само губење енергија, особено кога она што се случува нема никаква врска со вашите искуства од минатото. Некогаш поради многу лошите искуства може премногу да се генерализира или да се избегнуваат одредени ситуации. Најголемата цена се плаќа со преголемото оптоварување на нивниот нервен систем, кој во такви ситуации премногу се стимулира и возбудува. Среќа што откако ќе се одморат, брзо се враќаат во нормала.

Ранливите луѓе често оставаат погрешен впечаток на работа. Како што покажале истражувањата на Елен Арон и останатите научници, таквите луѓе се многу совесни, лојални, водат сметка за квалитетот на работата, добри се со детали, интуитивни се, имаат визија и најчесто се прилично талентирани. Тие се идеални работници. Но, кај нив има поголема реакција на симулација, што значи дека тие подобро работат во мир и тишина, кога никој не ги проценува или набљудува.

Фактот дека дружељубивоста не им е најсилна страна не е последица на нивниот карактер, туку тоа произлегува од нивната потреба да го процесираат своето искуство и тоа може да ги прави помалку забележливи, но и не помалку важни. Тие не сакаат агресивна самопромоција и се надеваат дека ќе бидат забележани поради својот труд. Тие први ќе забележат нездрава ситуација на работното место и нивната чувствителност може да им помогне и на останатите да избегнат проблеми. Иако е мудро да го прифатиме она што не можеме да го промениме во себе, авторката вели дека никогаш не е предоцна за да ја замениме обесхрабреноста со самодоверба и надеж.

cheap nike air max 90