Добрите работи почнуваат да се случуваат кога ќе се оддалечиш од негативни луѓе!

Не им се јавувај на оние кои не ти се јавуват и не ги чекај оние кои не те чекаат.

Запамти: Добрите работи почнуваат да се случуваат кога ќе се оддалечиш од негативни луѓе.

Никогаш немој да се вртиш назад – таму ништо не е променето.

Наместо да ги бришеш солзите на лицето, од својот живот избриши ги луѓето кои те натерале да плачеш.

Не дозволувај постапките на другите луѓе да го уништат твојот внатрешен мир.

Животот ќе ти задава многу удари и ќе те тера да паѓаш, твое е секогаш да стануваш после секое паѓање.

Секоја грешка те води кон поголема мудрост, дури и кога не можеш да го забележиш тоа во дадениот момент.

Сѐ е во умот. Умот може да ти биде најдобар пријател, но и најогорчен непријател. Ти го раководиш него и ти одбираш.

Животот задава болка, но животот ти ги дава луѓето кои ги сакаш, љубовта која ја даваш и која ја добиваш, насмевките и спомените поради кои секогаш имаш насмевка на лицето.

Да, понекогаш губиш многу, но понекогаш и добиваш многу.

Животот е убав!