Добрите прилики никогаш не се изгубени - некој секогаш ќе ги зграпчи оние кои ти ќе ги пропуштиш

Научив дека добрите прилики никогаш не се изгубени. Некој секогаш ќе ги зграпчи оние кои ти ќе ги пропуштиш.

Научив дека кога ќе се навикнеш да живееш во лулката на горчината, среќата секогаш ќе плови на некое друго место.

Научив дека треба да се споделуваат зборови кои се нежни и меки, затоа што утре можеби ќе мораш да ги изедеш.

Научив дека насмевката е еден евтин начин со кој можеш да го поправиш својот изглед.

Научив дека не можам да изберам како ќе се чувствувам, но можам да изберам што ќе направам во врска со тоа.

Научив дека сите сакаат да живеат на планина, но дека среќата и растот се случуваат додека се качуваш кон врвот.

Научив дека е добро да даваш совет само во два случаи: кога некој бара совет и кога е во прашање живот или смрт.

Научив дека кога планираш да се одмаздиш некому, со тоа само дозволуваш таа личност да продолжи да те навредува.

Научив дека колку помалку време имам, толку повеќе работи можам да направам.

  • Енди Руни