Во нив нема злонамерност,
ниту намерни разочарувања,
попатни чувства,
и задржан здив.

Во нив нема момент кога ќе се почувствуваш
помалку вреден,
помалку убав,
помалку паметен.

Во нив нема мумлање,
премолчени зборови,
детинесто привлекување внимание,
застраување и исмејување.

Во нив нема плашливи погледи,
удари под појасот на човечкото,
под појасот на душата.

Во нив нема ништо што би можело
да те заболи,
да те обезвредни,
да те понижи,
да те намали.

Во нив има се што често ќе те
издигне,
оплемени,
исполни,
нахрани.

Во нив има болка,
но нема болка за тебе.
Кои се тие?
Тие се ДОБРИ ЛУЃЕ
и НЕ БОЛАТ.

Ингрид Дивковиќ